Магазин ЕКИПА: Фудбалска школа „Форца“ - Кој не би сакал да научи финта од Јовче Џипунов!? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Магазин ЕКИПА: Фудбалска школа „Форца“ – Кој не би сакал да научи финта од Јовче Џипунов!?

Магазин ЕКИПА: Фудбалска школа „Форца“ – Кој не би сакал да научи финта од Јовче Џипунов!?
Спортскиот магазин ЕКИПА во својот најнов број ви носи комплетна репортажа за едно од најдобрите фудбалски школи во нашава земја „Форца“ – онаа на легендата на Вардар, Јовче Џипунов

Спортскиот магазин ЕКИПА во својот најнов број, издвојувајќи како и секогаш
значителен простор за нашиот младински број, ви носи комплетна репортажа за
едно од најдобрите фудбалски школи во нашава земја „Форца“ – онаа на легендата
на Вардар, Јовче Џипунов,

 

А, има
ли нешто поубаво, поблагородно од желбата своето знаење да им го пренесеш на
најмладите. Со таа девиза, поранешниот прославен фудбалер на Вардар, Јовче
Џипунов, пред речиси една деценија, во 2004 година, ја формираше фудбалската
школа „Форца“.

 

И таа функционира одлично бидејќи нема дете
што не сака да научи некоја нова фудбалска финта од популарниот Џипун. Тој беше,
а и сe уште е вистински виртуоз со топката,
еден од најдобрите на македонските простори, а впрочем тоа е и генералната
идеја на школата „Форца“, децата што е можно подобро да ги совладаат
фудбалските вештини. Има повеќе генерации млади фудбалери и тие се
натпреваруваат во рамките на Детската фудбалска асоцијација, што од оваа година
е под закрила на ФФМ.

 

Почетоците беа пред
речиси десет години, на теренот на Локомотива. Сега тренинзите се одвиваат на
две локации, во Тафталиџе и во Аеродром, а во преговори сме да отвориме и трета
локација, во Центар. Имаме повеќе од 300 деца кои ги учат фудбалските вештини и
навистина ни е драго што одѕивот е голем. Со децата работат тројца тренери,
Синиша Лучиќ, Гоце Петрески, Андреевски (со голманите), и јас како координатор
на целата школа
– вели Јовче Џипунов.

 

Но, многу повеќе за сите категории кои функционираат во школата „Форца“
како и за сите нивни досегашни резултатски успеси може да прочитата во
магазинот ЕКИПА, кој е во продажба во вашите најблиски киосци.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.