Љупчо Димовски повторно тренер во Грција, во тимот на Пиерикос - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Љупчо Димовски повторно тренер во Грција, во тимот на Пиерикос

Македонскиот фудбалски тренер Љупчо Димовски, кој во својата кариера има работено во Вардар и неколку други наши клубови, потпиша едногодишен договор со грчкиот второлигаш Пиерикос Катерини, каде ќе работи како асистент во стручниот штаб на сениорскиот тим и со голманите во младинската академија на клубот. Тој се враќа професионално во Грција, каде претходно има работено и во Касторија, Кавала, Јанина, овојпат во клуб кој негува прволигашки амбиции во пресрет на новата сезона.

„Задоволен сум од новиот ангажман, се враќам професионално да работам во Грција, каде од претходно имам значително искуство и се надевам дека со новиот клуб Пиерикос ќе бележиме успешни резултати“, вели Димовски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.