Лукајиќ: Не може да му се закануваме на Партизан, но ќе бараме шанса за изненадување! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Лукајиќ: Не може да му се закануваме на Партизан, но ќе бараме шанса за изненадување!

Лукајиќ: Не може да му се закануваме на Партизан, но ќе бараме шанса за изненадување!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре, во Белград, ќе ги одмерат силите со Партизан (19 часот) во меч од исклучителна важност во борбата за опстанок во АБА-лигата.

Ова за „металците“ ќе биде прв дуел од вториот дел од сезоната во регионалното натпреварување. Несреќниот пораз на домашен терен од Морнар е веќе архивиран, а мислите се насочени кон тоа како да се изненадат црно-белите, за кои утре на клупата ќе дебитира новиот тренер Ненад Чанак.

Екипата напорно работеше изминативе денови, во кои беше остварена и лесна победа во мечот против Кожув во Гевгелија, а желбата на сите е да се покаже истото ниво енергија и желба за успех како и на дуелот со Морнар, но овој пат со позитивен епилог на крајот.

„Против Партизан треба да покажеме голема желба за надигрување, како и дел од енергијата која беше очигледна на неодамнешниот дуел со Морнар, а која секојдневно ја гледам на тренинзите. Факт е дека не може да му се заканувате на Партизан во Белград, особено во една ваква ситуација кога и кај нив доаѓа до шок терапија со промена на тренерот. Веднаш се гледа поинаква филозофија во нивната игра, пред се во пристапот. Но, ова е меч во кој сѐ е отворено. Ќе мора да одиграме цврста одбрана и да го спречиме противникот да не постигнува лесни поени во транзиција и во секундарни напади. И, ако ни се укаже шанса сигурно ќе пробаме да изненадиме“ – вели тренерот Лукајиќ.

Ова ќе биде 12-ти дуел на МЗТ Скопје и Партизан во АБА-лигата, а досегашниот меѓусебен скор е 7-4 во корист на тимот од Белград. Судии на средбата се Милија Војиновиќ, Марко Јурас и Бранислав Мрдак, сите од Србија, а предвиден е телевизиски пренос на МТВ и на Арена спорт.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.