Лукајиќ: Морам да ги учам играчите како се игра одбрана - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Лукајиќ: Морам да ги учам играчите како се игра одбрана

Лукајиќ: Морам да ги учам играчите како се игра одбрана

Шефот на стручниот штаб на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ, не го криеше разочарувањето по очајното издание на својот тим и заслужениот пораз од Партизан. Во ситуација кога беа примени 69 поени за само едно полувреме, нормално е што Лукајиќ проблемот го лоцираше во очајната одбрана на својот тим.

Првото полувреме го одигравме катастрофално, Партизан добро трчаше и имаше позитивна енергија, за разлика од нас. Не ме загрижува што загубивме од силен тим како Партизан, туку фактот дека за седум дена овде видов дека ме очекува многу работа. Морам да ги научам моите кошаркари како се игра одбрана. Времето е пред нас, ни недостигааат тренинзи, а ако треба да издвојам нешто позитивно, тоа е потенцијалот што го покажува Минчев. Мораме да извлечеме поука од ова, се надевам дека против некои тимови со сличен квалитет на нашиот ќе прикажеме многу подобра игра“ – изјави Лукајиќ на прес-конференцијата во Белград.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.