ЛУДИЛО ВО ПРИЛЕП: Победа пред преполн „Гоце Делчев“ се подготвува да слави враќање во Првата лига! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ЛУДИЛО ВО ПРИЛЕП: Победа пред преполн „Гоце Делчев“ се подготвува да слави враќање во Првата лига!

ЛУДИЛО ВО ПРИЛЕП: Победа пред преполн „Гоце Делчев“ се подготвува да слави враќање во Првата лига!

Прилеп и целата македонска фудбалска јавност конечно го дочекаа моментот – Победа пред враќање повторно во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од градот под Марковите кули оваа сезона имаше многу падови, и разочарувања, но, конечно дочека да биде на чекор до посакуваната цел.

На три натпревари до крајот на првенството во Втората лига, Победа се наоѓа на чела на табелата со 41 освоен бод. Поголем дел од работата за враќање во елитата е завршен, а утре на домашен терен, од 16 часот на дуелот против Љубанци потребна е победа за дефинитивна заверка на пласманот во Првата лига, и славје незапаметено последните години во градот.

По седум месеци враќање на „Гоце Делчев“: Билетите се продаваат како „алва“

Majmun

Откако тимот беше казнет со седум натпревари забрана за играње на домашен терен, Победа конечно се враќа во својот „дом“. Во Прилеп веќе се чувствува еуфоријата, и без сомнеж – утрешниот ден за Прилеп ќе биде вистински фудбалски празник. Интересот за овој натпревар и огромен, билети за натпреварот со Љубанци се продаваат на многу места низ градот, а поради заинтересираноста, билети ќе се продаваат и пред почетокот на натпреварот. Домаќините утре очекуваат повеќе од 10.000 навивачи на трибините со кои заедно би се прославил пласманот во Првата лига.

Натпревар во знак на починатиот тренер на голманите, Блаже Смоквоски

Blaze

Тренерот на Победа, Дарко Крстески, е воодушевен од еуфоријата која владее во Прилеп во овие моменти, потенцирајќи дека овој натпревар ќе биде во знак на тренерот на голманите на клубот, Блаже Смоквоски, кој почина пред неколку дена.

„Овој натпревар ќе биде во знак на нашиот колега, тренер на голманите, Блаже Смоквоски, кој пред неколку дена прерано почина. Смоквоски е еден од оние кои безрезервно го сакаше клубот, во кој работеше со огромна љубов. Помладите голмани многу научија од него, и вечно ќе му бидеме благодарни за тоа што потполно се вложи во Победа. Неговата смрт малку ја наруши атмосфера, но, истовремено ќе имаме и голем мотив, да одиграме за него, и секако, да триумфираме“ – вели Дарко Крстески.

Прилепчани последен пат играа во Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2009/2010, кога на средината на сезоната ја заработија суспензијата за наместениот натпревар со ерменски Пјуник. Тогаш тимот од Прилеп доби осумгодишна забрана за настап во европските натпреварувања, и беше исфрлена од Првата лига. Победа беше шампион на Македонија во 2003/2004 година и 2006/2007.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.