Ливерпул и Јунајтед во следната рунда од ФА Купот... (видео) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ливерпул и Јунајтед во следната рунда од ФА Купот… (видео)

Ливерпул и Јунајтед во следната рунда од ФА Купот… (видео)

Ливерпул и Манчестер јунајтед, оправдувајќи ја фаворитската улога, се пласираа во четвртата рунда од натпреварите во ФА Купот откако во 3. коло славеа против Евертон односно Дерби Каунти.

Ливерпул, во локалната дерби пресметка, славеше со 2-1 против Евертон благодарение на погодокот на Ван Дајк во 85. минута од средбата, кој имаше на тој начин деби од соништата во тимот на Јирген Клоп. Претходно, Милнер од пенал во 35. минута донесе предност за „црвените“, а израмни Сигурдсон во 67. минута.


Манчестер јунајтед, пак, во самиот финиш од мечот го скрши отпорот на Дерби Каунти. „Црвените ѓаволи“ славеа со 2-0 со погодоците на Лингард во 84. минута и Лукаку во 90. минута од средбата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.