Левски: Намалена отштетната клаузула за Тасевски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Левски: Намалена отштетната клаузула за Тасевски

Дарко Тасевски потпиша нов договор со Левски, но со многу помала отштетна клаузула за евентуален трансфер во друг клуб, што досега изнесуваше еден милион евра. Македонскиот интернационалец се согласи да го продолжи актуелниот договор со Левски кој му истекува на лето, но од сопственикот Тодор Батков доби гаранција дека отштетата при неговото евентуално заминување ќе изнесува околу 300.000 евра, пишуваат бугарските медиуми.
 
Левски се најде во позиција да мора да потпише нов договор со Тасевски и да се согласи на многу помала продажна клаузула затоа што македонскиот играч за врска во летниот преоден рок ќе можеше да си замине од „Герена“ како словбоден агент. Во таков случај, Левски немаше да добие ниту едно евро за заминувањето на Дарко Тасевски. Но, со новото продолжување на договорот доби и самиот Тасевски, затоа што сега неговата отштетна клаузула не е веќе еден милион евра, туку најмногу 300.000 евра. 
 
Во изминатите неколку сезони беше споменувано дека македонскиот интернационалец се наоѓа пред сигурен трансфер, прво во Холандија (Гронинген, Херебвен), потоа и во Русија (Кубан Краснодар), но ниту еден тим не беше подготвен да плати еден милион евра отштета за да го добие потписот на Тасевски. Дури и откако Батков ќе ја спуштете првичната сума, заинтересираните клубови се откажуваа.
 
Бугарскиот весник „Труд“ соопшти дека условите под кои Дарко Тасевски ќе продолжи да настапува за Левски се идентични како и во претходниот договор. Според „Труд“, Тасевски од Левски добива месечна плата од 10.000 евра, а играчот има дополнителни клаузули за бројот на постигнати голови и остварени асистенции во текот на сезоната, како и премии и други и бонуси. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.