Левов од денеска на тренинзи со Работнички - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Левов од денеска на тренинзи со Работнички

Левов од денеска на тренинзи со Работнички

Милан Левов од денеска ќе се појави на тренинзите на Работнички и во следните неколку дена и официјално ќе потпише договор со овој клуб. Поранешниот македонски репрезентативец во текот на летово беше поврзуван со бројни клубови, последните информации велеа дека сигурно ќе потпише за Пелистер, но преселбата во битолскиот клуб се искомпликува.

На крајот, Левов сепак ќе заврши во Работнички откако веќе се стартувани новата рунда разговори со овој клуб. Тој вечерва ќе се појави на тренингот на амбициозниот прволигаш, ставајќи му се на располагање на тренерот Бошковски. Се очекува до крајот на оваа седмица да биде постигнат целосен договор, по што тој и официјално ќе му пристапи на овој клуб и ќе почне да настапува во Супер-лигата.

Со реализацијата на овој трансфер, тој повторно би заиграл заедно со Стоилов, Златко Мојсоски и со Велко Маркоски, со кои настапуваше заедно во дресот на Металург.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.