Лекарите потврдија: Нелоски ќе паузира најмалку шест месеци - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Лекарите потврдија: Нелоски ќе паузира најмалку шест месеци

Лекарите потврдија: Нелоски ќе паузира најмалку шест месеци

Младиот ракометар на Металург, Марко Нелоски, повторно ќе мора да отсуствува подолго време од терените по тешката повреда заработена на дербито со Вардар. Деталните прегледи само го потврдија она што се претпоставуваше веднаш по самата повреда, дека станува збор за кинење на лигаментите и пауза од најмалку половина година.

Се работи за тешка и сериозна повреда, која сепак е решлива. Нелоски ги има скинато предните вкрстени лигаменти, внатрешниот бочен лигамент и внатрешниот менискус, а постои опасност да е скинат и лигаментот што ја држи пателата. Сето тоа оперативно се решава, но тоа значи дека Нелоски ќе има подолга пауза во траење од 6 до 8 месеци. Во овој момент тој е на терапија, со која треба да спласне отокот, а за оперативен зафат тој ќе биде подготвен кон крајот на следната недела“ – изјави Доктор Боро Илиев за официјалната веб-страница на Металург.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.