Легендите во хумана акција: Дојчиновски, Најдоски, Ќириќ, Милошевски, Стојковски,Мицевски.. за помош на Милојевиќ! (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Легендите во хумана акција: Дојчиновски, Најдоски, Ќириќ, Милошевски, Стојковски,Мицевски.. за помош на Милојевиќ! (ФОТО)

Фудбалските
легенди на Македонија беа вклучени во нова хумана акција, изминатиов викенд
одигрувајќи натпревар против ФК Јагодина за собирање средства за рехабилитација
на поранешниот голман на Црвена Звезда и југословенската репрезентација, Звонко
Милојевиќ.

 

 

 

Македонските
легенди на натпревар, на кој резултатот беше најмалку важен, ги совладаа
ветераните на ФК Јагодина со 6-3. Нашата селекција ја предводеше едно од
најголемите имиња на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски а во составот
настапија:
Петар Милошевски, Драган Поповски, Митко
Стојковски, Илија Најдоски, Светозар Станковски, Жанко Савов, Игор Ангеловски,
Тони Мицевски, Ристе Божинов, Илчо Ѓорѓиоски, Саша Ќириќ, Ванчо Мицевски, Есад
Чолаковиќ и Марјан Андревски.

 

 

За тимот на Јагодина настапија Прибановиќ, Јовиќ, Вујачиќ, Мирковиќ, Сретеновиќ, Болиќ,
Младеновиќ, Манојловиќ, Обрадовиќ, Костиќ, Милосављевиќ.

 

 

Како што е
познато поранешниот голман на Црвена Звезда, Звонко Милојевиќ доживеа
тешка сообраќајна несреќа пред неколку години, но и натаму очекувано ја продолжува битката
не губејќи надеж дека ќе ги надмине здравствените проблеми.
Како помош за негово што
побрзо заздравување се вклучени бројни фудбалски функционери, пријатели и
навивачи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.