Легендата Кирил Дојчиновски со поддршка на проектот „Капитени на промени“ (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Легендата Кирил Дојчиновски со поддршка на проектот „Капитени на промени“ (ФОТО)

Легендата Кирил Дојчиновски со поддршка на проектот „Капитени на промени“ (ФОТО)

Едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски денеска на тренингот „Петар Милошевски“ во комплексот „Куќа на фудбалот“ ја даде својата безрезевна поддршка на проектот на ФФМ, „Капитени на промени“.

Проектот „Капитени на промени“ е иницијатива на УЕФА за креирање на еднакви можност за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност или физичките способности. Фудбалската Федерација на Македонија истиот го поддржува и ќе го имплементира во Македонија на повеќе нивоа, почнувајќи со подобрување на инфраструктурата на стадионите, едукација и активности во рамките на федерацијата и на сите клубови. Мисија на ФФМ е да привлече, чува и негува различности за одржување на фудбалската игра и радоста која ја носи овој спорт, на што еднакво право имаат сите.

Сето ова го потенцираше денеска и Кирил Дојчиновски на заедничката дружба која беше заокружена со  фудбалски натпревар со вработените во ФФМ, како и предавање од страна Здружението на лицата со инвалидитет „Мобилност“, кои ги запознаа вработените во ФФМ за перцепцијата, стереотипите и предрасудите со кои се среќаваат, како и за можностите и перспективите за продлабочување на соработката.

dojcinovski

„Ова не е револуција , ова се  мали почетнички  чекори  кои  водат кон развој и  подобрување на нашата отвореност кон различностите.Првичната намера на проектот беше ФФМ да обезбеди физички пристап  за лицата со инвалидност на стадионите во земјава, каде што сите ќе  можат да бидат  поканети. Кога зборуваме за „Капитени на промени“ мора да ја нагласиме и подржувачката позиција на УЕФА во целокупниот проект. Од нив добиваме значаен дел од насоките и  алатките  со цел да се  зајакнат нашите капацитети  за  правење промени.  Соработката со МОБИЛНОСТ  отвори нови врати на  меѓуинституционална, но и човечка соработка помеѓу нас и заедницата на луѓе со инвалидност во нашата земја. Стануваме свесни за нивните потреби, но и за нашите можности да одговориме на истите. Ова е приказна која допрва ќе се развива, но ние сме возбудени гледајќи како програмата станува жива“ – вели Ирена Бакревска-Милошевска, носител на проектот „Капитени на промени“ во Фудбалската федерација на Македонија.

Лицата со телесен инвалидитет и вработените од ФФМ одиграа и пријателски натпревар на еден од терените на Федерацијата, а подоцна уживаа во заедничката дружба.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.