Легендарниот Трпе Мартиновски ќе го тренира младиот маратонец Завировски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Легендарниот Трпе Мартиновски ќе го тренира младиот маратонец Завировски

Во пресрет на нашата најголема атлетска манифестација „Виз Ер Скопскиот маратон“ кој ќе се одржи на 11 мај, нашиот легендарен маратонец Трпе Мартиновски, кој е и актуелен рекордер на Македонија во маратон, ја презема одговорноста врз еден од нашите најмлади маратонци, дваесетгодишниот Петре Завировски кој е член на АК Вардар. Имено, по Балканското првенство во полумаратон кое се одржа на 6 април во Драч, соседна Албанија, каде Завировски ја истрча својата најдобра трка во досегашниот дел од кариерата, се здоби со мала, но многу незгодна повреда на десното колено која го оддалечи 10 дена од тренинзите.

По рехабилитацијата, во наредните дваесетина дена колку што преостануваат до Скопскиот маратон искусниот Мартиновски ќе ја темпира формата на младиот Завировски кој со неговиот резултат на полумаратон 1:17:35 часа, има сериозни шанси со помош на Трпе Мартиновски да го истрча Скопскиот маратон нешто под 3 часа. Ова ќе биде трет маратон за Завировски, кој има личен најдобар резултат од 3:26:23 часа на патеката долга 42.195 км, постигнат минатата година на 13 Октомври во Градскиот парк во Скопје на маратонската трка која се трча под мотото себенадминување.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.