Легендарниот боб тим на Јамајка се враќа на ЗОИ во Сочи?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Легендарниот боб тим на Јамајка се враќа на ЗОИ во Сочи?!

Дефинитивно една од најегзотичнитe спортски појави што низ историјата наназад се појавила на едно големо зимско натпреварување е националниот тим на Јамајка во боб кој далечната 1988 година учествуваше на Зимските Олимписки Игри во Калгари каде што претставуваа вистинска атракција.

Веруваме повеќе од читателите за оваа несекојдневна појава во спортот има слушнато благодарение на  филмот “Cool runnings” кој е снимен според вистинските искуства на квартетот од Јамајка. За оние кои не знаат, боб тимот на Јамајка на споменатите ЗОИ во 1988 изненадувачки, безмалку без ниту еден тренинг на вистинска боб патека, се појави во Калгари и иако не го завршија натпреварувањето, ги освоија симпатиите на целиот аудиторим, па дури и на противниците.

Егзотичниот тим, кој нема настапувано на ЗОИ од Игрите во Солт Лејк Сити во 2002 година, најави  камбек со настап на ЗОИ во Сочи, но годинава наместо во боб четворосед, треба да настапат во боб двосед доколку навреме ги соберат потребните финансиски средства. Финансиите се и главен проблем што не можат повторно да настапат комплетно, во боб четворосед. Главниот инцијатор е 46 – годишниот Винстон Ватс кој заедно со некогашниот атлетичар Марвин Диксон се подготвува за враќање на големата сцена.

“Откако ја загубив работата пред две години, додека ги гледав младите како тренираат, се заинатив и си реков дека се уште сум способен и дека со тренинг можам да ги победам. Имам 46 години, но тоа е само бројка. Да ме видите, би ми дале 30 до 35 години, голем сум, силен, црномурест и згоден” – низ шега изјави Ватс.jjkkk

Ватс, признава дека новиот почеток, односно новите тренинзи биле исто толку тешки, како и на почетокот во 1988 година.

“Повторно истити пробелми, исто како во филмот, превратување, недостаток на финансии, позајмување, тренерот постојано ни зборува сконцентрирајте се, а на тоа јас го прашувам: Како тоа? Желбата е голема,  но имаме проблеми со обезбедување на финансиите за летот до Сочи, фамилиите ни се во прв план, но оптимист сум и се надевам дека ќе настапиме, се надевам дека во пресрет ќе ни излезе олимпискиот одбор на Јамајка, и повторно ќе не види публиката“ – завршува Ватс.

Несомнено враќањето на јамајканскиот боб-тим, макар и во пола состав, во двосед ќе претставува дополнителен мотив публиката во поголем број да ги посети натпреварите во ова натпреварување.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.