Лазо Мајнов: Титулата е круна на успешната сезона - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Лазо Мајнов: Титулата е круна на успешната сезона

Лазо Мајнов: Титулата е круна на успешната сезона

Одорхеи е годинашниот освојувач на европскиот Челинџ куп. Успехот на романската екипа е успех и за македонскиот ракомет бидејќи важна алка во составот на Одорхеи е македонското трио – Горан Кузманоски, Лазе Мајнов и Мите Стоилов.

Македонската колонија во Романија имаше исклучително успешна сезона на која како круна доаѓа титулата во Челинџ купот. А, македонското знаме беше составен декор и во вечерашната прослава на титулата по триумфот на Одорхеи во финалето против португалскиот претставник АБЦ Брага.

„Пресреќни сме што ја крунисавме сезоната со освојување на Челинџ купот. Имавме тешка, но резултатски одлична сезона. Во Романија бевме први во регуларниот дел од првенството, но еден кикс во плеј-офот не чинеше шампионска титула. Овој трофеј во Челинџ купот е голем успех за клубот и сепак, е успешен крај на сезоната. Оваа титула ни овозможува настап во Европа и во наредната година“ – вели Лазо Мајнов во изјавата за ЕКИПА по триумфалното финале во Челинџ купот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.