Лазаров со Барса го победи вицешампионот со 11 гола разлика - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Лазаров со Барса го победи вицешампионот со 11 гола разлика

Лазаров со Барса го победи вицешампионот со 11 гола разлика

Барселона уште еднаш покажа дека е апсолутна доминантна сила во шпанскиот клупски ракомет, бележејќи нова победа во рамките од АСОБАЛ-лигата.

Доколку се очекуваше вицешампионот Ла Риоха да приреди изненадување во дуелот со каталонскиот гигант, Лазаров и соиграчите не само што не дозволија такво нешто, туку целосно го надиграа тимот од Логроњо со убедливи единаесет гола разлика (28-39).

Ла Риоха одлично парираше се до 22. минута, кога резултатот гласеше израмнети 13-13, за потоа Барса да влезе во својот препознатлив ритам, на одмор да замине со 16-20, за на крајот да слави со убедливи 28-39.

Лазаров имаше солиден ефект постигнувајќи пет погодоци, а најефикасни кај Барселона беа Арињо и Виктор Томас со по седум гола.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.