Лазаров: Обединети како никогаш досега да стигнеме до добар резултат - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Лазаров: Обединети како никогаш досега да стигнеме до добар резултат

Лазаров: Обединети како никогаш досега да стигнеме до добар резултат

Капитенот Кире Лазаров уште еднаш порача дека македонската репрезентација е максимално подготвена за предизвикот што го носи Европското Првенство, повикувајќи на единство како во репрезентацијата, така и во целокупната спортка јавност во нашата држава. На договорот за потпишување на соработка меѓу Ракометната Федерација на Македонија и Македонски Телеком, Лазаров изрази желба за нов добар резултат на нашиот национален тим на големите натпреварувања.

Би се заблагодарил  на новото партнерство и се надевам дека ќе биде успешно, дека ќе ни се случуваат само убави работи. Ова е нов почеток, пред нас е Европското првенство, сите сме желни, спремни за она што не очекува. Што се однесува до нашиот тим, можам да кажам дека спремни го очекуваме од ЕП, спремни да се бориме против секого. Имаме искуство на вакви големи натпреварувања  се надевам дека ќе останеме здрави, ќе не послужи и спортската среќа. Работевме максимално, да си посакаме здравје и среќа, да бидеме обединети како никогаш досега и да направиме добар резултат“ – изјави капитенот Лазаров.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.