Лакрабер си оди од Вардар, трансфер назад во Франција - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Лакрабер си оди од Вардар, трансфер назад во Франција

Лакрабер си оди од Вардар, трансфер назад во Франција

Егзодусот од машкиот ракометен колектив ќе се пренесе и врз женскиот клуб на Вардар, а прва нога повлече Александра Лакрабер. Француската репрезентативка е подготвена да си замине од Вардар, а како што јавуваат медиумите од оваа земја, таа е подготвена да се врати во татковината. Весникот „Л’Екип“ објави дека Флури ќе биде новиот клуб на Лакрабер, откако веќе се договорени условите за двогодишна соработка, со можност за продолжување за уште една дополнителна сезона.

Како што јавува „Л’Екип“ таа инсистирала на враќање назад во Франција, наместо во некоја друга дестинација, бидејќи сакала да продолжи со студиите за психомоторика.

Лакрабер ќе остане во Вардар до крајот на сезонава, но самото нејзино заминување уште повеќе ги подгрева најавите дека и женскиот клуб ќе го снајде судбината на машкиот, па ќе остане без своите главни адути. Амандин Лејно ќе ги следи стапките на својата сонародничка, а сериозен интерес веќе се искажува и за Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.