Квитова и Шарапова во полуфиналето - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Квитова и Шарапова во полуфиналето

Петра Квитова и Марија Шарапова ги продолжуваат настапите на Австралија опен, а со самото тоа и си ги задржуваат шансите дека со триумф на овој гранслем турнир ќе успеат да се искачат на првото место на ВТА-листата. Токму овие две тенисерки ќе играат една против друга во второто полуфинале (во првото ќе се сретнат Клајстерс и Азаренка), откако утрово без никакви проблеми ги совлада своите четвртфинални ривалки. 
 
Квитова со максимални 2-0 во сетови беше подобра од Италијанката Ерани (6-4, 6-4), додека Шарапова стави крај на извонредната серија на својата сонародничка Макарова, која претходно изненади неколку фаворитки вклучувајќи ја и петкратната шампионка Серена Вилијамс. Шарапова рутински славеше со 6-2, 6-3 и сега ќе се обиде да се одмазди на Квитова за поразот во ланското финале на Вимблдон. 
 
Таа играше навистина неверојатно на Вимблдон и не ми даде можност да се понадевам на триумф. Гледам дека и сега е преполна со самодоверба, но јас сум решена да одиграм најдобро што знам, па ќе видиме каков ќе биде исходот од нашиот дуел“ – изјави Шарапова.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.