Квалификации за ОИ: Хрватска оди на Грција, Србија на Чешка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Квалификации за ОИ: Хрватска оди на Грција, Србија на Чешка

Квалификации за ОИ: Хрватска оди на Грција, Србија на Чешка

Хрватската кошаркарска репрезентација славеше над Тунис со 72-52 (12-12, 17-12, 22-12, 21-16) и со тоа се избори за полуфинале на квалификацискот турнир за Олимписките игри.

Одличниот Бојан Богдановиќ блесна кога на Хрватска и беше најпотребно, па по релативно изедначената игра на двете страни избраниците на Ацо Петровиќ целосно ја преземаа контролата над резултатот за прва победа во групната фаза.

Еден пораз и една победа беа сосема доволни за второто место во групата шест со што обезбедија пласман во полуфиналето каде ги чека селекцијата на Грција. Во втоото полуфинале ќе се пресметаат Мексико и домаќинот на турнирот Италија.

Чешката репрезентација експресно ја совлада Јапонија со 87-71 (23-14, 25-21, 21-16, 18-20) дозволувајќи пад на играта само во последната делница. Нивен противник во полуфиналето ќе биде репрезентацијата на Србија која претходно славеше со 60-83 против Ангола.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.