Кузмановски: Пред СП се повредив, со „европските“ имам повеќе среќа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кузмановски: Пред СП се повредив, со „европските“ имам повеќе среќа

Кузмановски: Пред СП се повредив, со „европските“ имам повеќе среќа

Филип Кузмановски е дел од подмладокот во машката ракометна репрезентација на Македонија за претстојниот настап на Европското првенство во Хрватска, во јануари. Доскорешниот младински репрезентативец веќе има искуство од големите натпреварувања и со сениорскиот состав со кој настапи на претходното ЕП 2015 во Полска и во својот дебитантски настап потврди дека има голем потенцијал. Поради повреда 21-годишниот капитен на Металург лани го пропушти СП во Франција, но сега повторно се враќа во конкуренција за најсилниот македонски состав.

„Пред почетокот на подготовките се повредив и не можев да настапам на СП во Фрација иако претходно играв во одлична форма. На европските првенства имам повеќе среќа. Се надевам така ќе биде и овој пат. Доволно сум искусен и подготвен да дадам максимум. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на селекторот, па ќе видиме што ќе биде“ – вели Филип Кузмановски.

Машката ракометна репрезентација на Македонија од вчера официјално стратуваше со подготовките за ЕП во Хрватска, а составот треба да се комплетира денеска кога пристигнуваат Филип Миркуловски и Филип Талески од Германија, Немања Прибак од турскиот Бешикташ и селекторот Раул Гонзалес кој го пропушти собирот поради божиќните празници. Во избраните 21 репрезентативци што ги повика селекторот во завршните подготовки пред ЕП, дел се искусни играчи од стандардниот состав, а дел се помлади играчи од новата генерација како Талевски, Кузмановски, Томовски, Крстески и Велковски.

Ние младинците што игравме на Свесткото младинско првенство во Алжир тука сме да помогнеме колку што треба и да покажеме што знаеме, да добие нешто оваа репрезентација и од нас. Со Раул Гонзалес добро ќе се подготвиме за ЕП. Имаме квалитетни играчи и одличен селектор и мислам дека може да очекуваме успех“ – истакнува младиот бек на македонската репрезентација.

На ЕП во Хрватска, Македонија ќе игра во групата Ц во Загреб заедно со селекциите на Словенија, Црна Гора и на Германија. Примарната цел е освојување на едно од прите три места во групата и пласман во следната фаза на ЕП.

„Не очекува првиот меч со Словенија, па дуелот со Црна Гора кој сите очекуваат да го добиеме. Германците се фаворити во нашата група, но ние секогаш играме најдобро токму против фаворитите. За нас е најважно против сите противници да одиграме максимално, па зошто да не ја изненадиме и Словенија на стартот“  – оптимист е Филип Кузмановски.

Македонија го отвора настапот на ЕП против Словенија на 13 јануари. На 15 јануари е дуелот со Црна Гора, а на 17 јануари е дуелот со актуелниот европски шпампион, Германија. Првите три репрезентации од групата го продолжуваат настапот во втората фаза на ЕП.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.