Крај на штрајкот во Шпанија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Крај на штрајкот во Шпанија

 Овој викенд на фудбалските терени низ Шпанија ќе се играат натпревари, откако конечно беше постигнат нов колективен договор со што и дефинитивно беше прекинат штрајкот на фудбалерите во првата и втората шпанска лига. Преговорите меѓу челниците на шпанската фудбалска лига и претставниците на здружението на професионални фудбалери траеја повеќе од еден месец, за денеска конечно да биде пронајден заеднички јазик, да се стави потпис на колективниот договор и да се даде до знаење дека натпреварите од второто коло во Примера и Секунда дивизион ќе се одиграат овој викенд, според планираното. 

Во рамките од ова второ коло Реал Мадрид в недела ќе му гостува на тимот на Сарагоса, додека Барселона в понеделник на домашен терен ќе го пречека составот на Вилјареал.

Дополнително ќе биде утврден терминот за одигрување на натпреварите од првото коло, кои беа комплетно одложени поради штрајкот. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.