Кожув се засили со Томчо Соколов и со Александар Штерјов - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кожув се засили со Томчо Соколов и со Александар Штерјов

Кожув се засили со Томчо Соколов и со Александар Штерјов

Екипата на Кожув ја официјализираше соработката со првите две засилувања за новата сезона откако потпиша договори со центарскиот двоец, Томчо Соколов и со Александар Штерјов. Согласно претходните најави од клубот по назначувањето на новиот тренер Боби Митев, првите принови за новата сезона се домашни кошаркари.

Искусниот 31-годишен Соколов доаѓа од редовите на словенечки Марибор додека во својата богата интернационална кариера има настапувано и за Хирон Загреб (Цедевита – Хрватска), Атлетико Клуб де Португал (Португалија), Стеауа Букурешт, Динамо Букурешт (Романија), Металург Магнитогорск (Русија), Каироуан (Тунис), Анкара (Турција), Банска Бистрица и Списка Нова (Словачка), ОКК Челик Зеница (БиХ) како и составот на Струмица.

“Старо-нов”  кошаркар на клубот од Гевгелија е Aлександар Штерјов кој по една сезона во Куманово се враќа во клубот каде што претходно мина две сезони. Во својата кариера покрај овие два клуба има настапувано уште и за МЗТ Скопје, КК Вардар, Плејмејкер Кубус, Торус и Ангели Велес.

Паралелно со ангажирањето на овие два кошаркар, од клубот пристигнува информацијa и за продолжување на соработката со Златко Гоцевски, со што клубот го заокружува домашното трио во рекетот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.