Костов ја имаше првата прозивка во Ренова, Дејан Цветаноски прво засилување - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Костов ја имаше првата прозивка во Ренова, Дејан Цветаноски прво засилување

Костов ја имаше првата прозивка во Ренова, Дејан Цветаноски прво засилување

Фудбалерите на Ренова, под водство на стратегот Влатко Костов денеска ја имаше првата прозивка на стартот од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Со „гипсарите“ стартуваше и единственото досега засилување, крилниот офанзивец Дејан Цветаноски кој пристигна од редовите на прилепска Победа. Претходно во својата кариера има настапувано и за Напредок, Хоризонт Турново, Пелистер…

„Како и секогаш Ренова и пролетниот дел од шампионатот го очекува амбициозно со желба за позитивни резултати и приклучување кон првата половина од табелата“ – истакна Костов на првиот собир.

Според најавите од клубот, Ренова до крајот на преодниот рок планира уште три засилувања, во дефанзививата, средниот ред и нападот. На прагот на клубот од Џепчиште и е досегашниот фудбалер на Пелистер, Бразилецот Фернандо Силва.

Првата фаза од подготовките ќе се одработи во Тетово, а од 23. јануари до 1. февруари планирани се подготовки во Охрид каде ќе има и неколку пријателски натпревари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.