Костоски растури: Со 14 поени во продолжение му донесе победа на Питешт - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Костоски растури: Со 14 поени во продолжение му донесе победа на Питешт

Костоски растури: Со 14 поени во продолжение му донесе победа на Питешт

Питешт предводен од Александар Костоски ја продолжи триумфалната серија во романскиот шампионат, откако вечерва по голема битка славеше против Крајова со резултат 122-112. Мечот беше решен дури по дополнителните пет минути, во кои Питешт одигра неверојатно во нападот постигнувајќи 25 поени, за трета победа во низа, во четвртото коло од домашното првенство.

Македонскиот плејмејкер блесна токму во продолжението, кога беше незапирлив за гостинските кошаркари и од вкупно 25 поени на својот тим, само Костоски реализираше 14, самиот носејќи му ја победата на Питешт.

Екс-кошаркарот на Куманово и на МЗТ Скопје го заврши мечот со 23 поени, 9 скока и 3 асистенции, уште еднаш потврдувајќи дека е меѓу клучните играчи на Питешт и оваа натпреварувачка сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.