Костоски потпиша на две години: Репрезентативецот е дел од шампионот МЗТ Скопје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Костоски потпиша на две години: Репрезентативецот е дел од шампионот МЗТ Скопје

Александар Костоски е најновото засилување на шампионот МЗТ Скопје откако „металците“ утрово и официјално го потврдија трансферот на досегашниот член на Куманово. Плејмејкерот имаше зад себе одлична сезона како во домашното првенство, така и во БИБЛ-лигата, што беше доволна причина за челниците на МЗТ да тргнат во целосна офанзива за негов ангажман. Преговорите стартуваа уште пред повеќе од еден месец, за денеска конечно да бидат завршени успешно – со потпис на двогодишен договор.
 
Александар Костовски е нов член на тимот на МЗТ Скопје Аеродром, чиј што дрес ќе го носи во наредните две сезони. Костовски (1988 год, 185 см) во својата кариера има настапувано за Торус, Вардар Осигурување,Брашов и Куманово. Минатата сезона Александар Костовски ја помина во тимот на Куманово 2009 со кој што покрај настапите во домашното првенство, настапуваше и во БИБЛ лигата. Тој беше најдобар стрелец во домашниот шампионат со просечни 20.7 поени, заедно со 3.6 скока и 3.7 асистенции, додека во Балканската лига имаше 17.7 поени, 4.2 скока, и 5 асистенции по натпревар. Александар Костовски заедно со Дамјан Стојановски ја поделија наградата за најкорисен играч на завршницата од Купот на Македонија минатата сезона“ – се вели во соопштението на клупската веб-страница на МЗТ Скопје. 
 
Со ангажманот на овој квалитетен плејмејкер „металците“ финишираат со составувањето на тимот за следната сезона. Само за потсетување, Огнен Стојановски, Горјан Марковски и Кире Николовски имаат валидни договори, соработката со „металците“ ја продолжија Гечевски, Чековски, Дамјан Стојановски, Дејвис и Оташевиќ, додека нови имиња во таборот на македонскиот првак се Лучиќ, Рејнолдс и Костоски. Јасно е дека МЗТ создава тим со кој би требало одново да доминира на македонската кошаркарска сцена, но исто така и сосема солидно да се претстави во меѓународните натпреварувања, во АБА-лигата и во Еврокупот.
 
 
 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.