Костоски одличен против лидерот Клуж - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Костоски одличен против лидерот Клуж

Костоски одличен против лидерот Клуж

Александар Костоски продолжува со одличните настапи во Романија во дресот на Питешт, откако македонскиот репрезентативец беше во главна улога и на денешната пресметка со лидерот Клуж што неговиот тим по долга битка ја загуби со минимални 81-82. Нашиот ас одигра извонредно во четвртата четвртина, погоди две многу значајни тројки, но и тоа беше недоволно за да ссе стгине до победа над лидерот на табелата.

Имено, на стартот од последната четвртина Клуж имаше предност од 60-65 пред Костоски да ги земе работите во свои раце. Македонецот најпрвин асистираше за тројка, а потоа за дваесетина секунди постигна и пет поени во низа, вртејќи го резултатот во полза на Питешт. Неговиот тим потоа прокоцка „плус шест“ во последните две минути, но откако Клуж поведе со 78-79 токму Костоски ја презеде одговорноста и погоди тројка на 30 секунди до крајот. Сепак, и тоа беше недоволно за победа бидејќи соиграчите на Македонецот повторно одиграа почетнички, па му овозможија на лидерот на табелата во самиот финиш да направи целосен пресврт и на крајот да слави со 81-82.

Александар Костоски го заврши натпреварот со 15 поени, пет скока и шест асистенции, што сепак се покажа недоволно за да се земе скалпот на главниот фаворит за титулата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.