Кошарката не се игра за судиите (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кошарката не се игра за судиите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошарката не се игра за судиите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кожув и МЗТ Скопје одиграа интересен натпревар во кој сосема непотребно фокусот наместо на актерите од двата тима, се насочи кон арбитрите. Тројката која беше задолжена да ја дели правдата, наместо професионално да си ја одработи задачата создаде дополнителен хаос и крена тензии како на клупите на двата тима, така и на трибините.

На чудниот критериум најпрвин реагираа гостите од Скопје, во второто полувреме и домаќините, а како што се ближеше крајот, така и тензијата растеше. Се санкционираа минимални контакти и приговори, но не и физички контакт и обид за тепачка… како во епизода од „Луд, збунет, нормален“ арбитрите еден на друг си ги менуваа одлуките и интерпретацијата на правилата.

МЗТ Скопје не го доби мечот со судии, „металците“ сосема заслужено триумфираа, но некој треба еднаш јасно и гласно да излезе и каже дека кошарката не се игра за судиите, туку тие треба да бидат во служба на овој спорт. Вечерва, тоа не беше случај во Гевгелија. Реално, кошарката ни е далеку од некое посакувано ниво, но со ваква арбитража наместо да оди напред, овој спорт може само да назадува.

marjan ilievski ile eftimov denkovski

ilievski ferevski denkovski

alek joncevski sudii

marjan ilievski denkovski

alija ferevski mzt kozuv kup

policija publika

mzt kozuv publika

joncevski terzievski tehnicka

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.