Кошаркарите со Србија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кошаркарите со Србија

 По поразот од 50-55 на вчерашната пресметка со БиХ, овојпат македонските кошаркари за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија. Репрезентацијата на Србија важи за еден од главните фаворити на овој турнир, а кошаркарите сигурно во премиерниот меч ќе се обидат да го импресонираат селекторот Душан Ивковиќ и да го убедат дека заслужуваат да бидат дел од Евробаскет 2011 во Литванија.

Сето ова сигурно дополнително ќе им ја отежни задачата на избраниците на Марин Докузовкски, кој на дуелот со БиХ одиграа далеку под своите можности. Одбраната беше на потребното ниво, но затоа играта во нападот беше далеку под очекувањата на селекторот Докузовски, но и на целокупната македонската спортска јавност.

Отсуството на Мекејлеб и на Гечевски премногу се чувствува врз играта на македонскиот национален тим, па интересно ќе биде да се види како стручниот штаб предводен од Докузовски ќе постави игра за да и се спротивстави на фаворизираната Србија. Постојат минимални шанси Докузовски да му даде на Мекејлеб мала минутажа на денешниот меч, но многу поверојатно е дека македонскиот селектор нема да ризикува со недоволно подготвениот плејмејкер на неполн месец до почетокот на ЕП.

Во секој случај, Србија важи за голем фаворит, а на македонските кошаркари е да се обидат да приредат изненадување.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.