Конте сака да го врати братот на Азар на „Стемфорд бриџ“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Конте сака да го врати братот на Азар на „Стемфорд бриџ“

Конте сака да го врати братот на Азар на „Стемфорд бриџ“

Челси ќе се обиде да го врати назад во своите редови братот на Еден Азар, од екипата на Борусија Менхенгладбах. Германскиот медиум „Билд“ шпекулира дека Антонио Конте има намера да го ангажира Торган Азар сметајќи дека сега е подготвен да игра за „сините“.

Торган Азар стана член на Челси во 2012 година, пристигна како надежен младинец, а клубот од Лондон во неколку наврати го испрати на калење во Цулте Варегем и во Менхенгладбах, додека тимот од Борусија комплетно го откупи пред две сезони. За германскиот бундеслигаш одигра вкупно 130 натпревари на кои постигна 29 погодоци и забележа 30 асистенции.

Доколку Торган се врати на „Стемфорд бриџ“, дури тројца од семејството Азар ќе ги бранат боите на Челси, бидејќи најмалиот брат Килијан моментално настапува за младинскиот состав на „сините“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.