Конференција на РФМ за развој на ракометот во млади категории - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Конференција на РФМ за развој на ракометот во млади категории

Конференција на РФМ за развој на ракометот во млади категории

Развојот на младинскиот ракомет беше главна тема на денешната Конференција на ракометни тренери што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“. На неа беа присутни над 50 ракометни тренери, поранешни репрезентативци во машка и во женска конкуренција од кои поголемиот дел дадоа свои сугестии околу развојот на овој спорт при работата со младите категории.

Ние како федерација сме фокусирани да продолжи да се развива ракометниот спорт.  Треба да се насочиме кон подобрување на сегментите во работата со младинската категорија, свесни сме дека сме држава од два милиони жители, дека немаме преголем државен буџет за развој на спортот, но сепак верувам дека со правилна стратегија можеме сите досегашни успеси да ги направиме уште поголеми“ – претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, ја отвори денешната дискусија.

rakomet treneri 3

Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Дарко Каевски, го потенцираше задоволството од соработката со РФМ, додавајќи дека АМС како владина институција ќе продолжи со помагање на натамошен развој на спортот во нашата држава. Како една од мерките за развој на младинскиот спорт Каевски го посочи воведувањето на нови мерки во училишниот спорт.

Сакам да ја истакнам огромната соработка што ја имаме со Ракометната Федерација на Македонија, ние сме презадоволни од функционирањето на куќата на ракометот. Верувам дека соработката ќе биде уште подобра во периодот што следи. Еден од приоритетните базични проекти на АМС е развојот на училишниот спорт, каде секое дете во училиштата ќе биде вклучено во некој спорт… ракометот, кошарката, одбојката или футсалот, а во иднина планираме да вклучиме и други спортови. Ќе потсетам и на новините околу даночното олеснување, целта на оваа Влада и на АМС како владина институција е да го помогне развојот на спортот на едно поголемо ниво. Се што ќе бараме за возврат е транспарентност за тоа каде ќе се трошат парите“ – изјави Директорот на АМС, Дарко Каевски.

Целта е да се создаде систем што ќе го работат барем 60% од сите тренери во Македонија. Остатокот ќе биде оставен на тренерска имагинација и избор на одредена тактика, но важно е сите да работиме одреден дел на ист начин, за заеднички да напредуваме“ – порача Гино Стрезовски, претседател на Тренерската организација при РФМ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.