„Комитите“, и максимално коректни, нападнати со камења во Гостивар (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Комитите“, и максимално коректни, нападнати со камења во Гостивар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар на денешниот дуел од 26.коло во Првата лига доби комплетна поддршка од своите најверни навивачи „Комитите“ кои на почетокот од второто полувреме пристигнаа на Градскиот стадион во Гостивар.

Сите присутни на стадионот беа сведоци на максимално коректно навивање на „Комитите“, единствено со поддршка за својот тим а без ниту најмала провокација на национална основа. Но, и наспроти тоа сосема неочекувано околу 60. минута од средбата „Комитите“ беа нападнати со масивни камења од просторот веднаш зад трибината каде беа сместени непосредно од ближниот градски парк во Гостивар.

По овој инцидент, главниот судија Мечкаровски за момент и го прекина натпреварот, откако и домашните фудбалери се впуштија во повици за запирање на нападите врз гостинските навивачи. За среќа, „Комитите“ останаа без реакција на таквите провокации, се мина без повредени, а со брза интервенција на полицијата и на домаќините од ФК Гостивар се беше смирено по што дуелот продолжи.

Ниту овој инцидент, на крајот не влијаеше за намалување на радоста на навивачите по триумфот на нивниот тим.

Komiti 3

Komiti

Komiti 4

Komiti 6

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.