Кој ќе биде капитен? Новески или Грозданоски... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кој ќе биде капитен? Новески или Грозданоски…

Величе Шумуликоски се обиде да ја стави капитенската лента на раката на судијата на мечот со Ерменија, во тој момент не ни претпоставуваше дека за дуелот со Словачка ќе има таков проблем… Во фудбалската репрезентација на Македонија нема назначено толку многу заменици за носење на капитенската лента, колку што најдобрите и најискусните фудбалери можат заедно на еден меч да не играат во националниот дрес…
 
 
Горан Пандев е повреден, Величе Шумуликоски „поцрвене“, Горан Попов „пожолте“, Игор Митрески ќе биде на клупата за резерви, па „наградно прашање“ е кој ќе ја носи капитенската лента. Тоа најверојатно ќе го одлучи стручниот штаб, а можеби и самите фудбалери со гласање во текот на денешниот ден, во пресрет на вечерашниот натпревар со Словачка.
 
 
Во опција се Николче Новески и Влатко Грозданоски. Новески е постандарден во националниот тим, освен тоа има и искуство со капитенската лента од тимот на Мајнц, а Грозданоски пак има повеќе настапи досега во дресот со државниот грб. Кој ќе биде фудбалерот што ќе ги поведе останатите соиграчи на теренот на арената „Филип Втори“ ќе дознаеме при нивното излегување од тунелот…
        

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.