Кога Њу Ингланд патриотс го освојуваат Супербоул, тогаш и Челси... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кога Њу Ингланд патриотс го освојуваат Супербоул, тогаш и Челси…

Кога Њу Ингланд патриотс го освојуваат Супербоул, тогаш и Челси…

Њу Ингланд патриотс се вратија од ’мртвите’ и стигнаа до голем триумф во Супербоул, совладувајќи ја Атланта фалконс по продолжение со 34-28, а тоа има големо значење и за развојот на настаните во Премиер – лигата. Барем така најавуваат прецизните статистичари, кои се потсетуваат на случувањата од минатото… Па така…

Кога „патриотите“ во 2005 година, го освоија „Супербоул“, лондонски Челси таа година стана првак на Англија.

Кога Њу Ингланд патриотс во 2015 година го освои „Супербоул“, и тогаш Челси повторно стана шампион во Премиер-лигата.

Сега е 2017 година, Патриотс го освоија „Супербоул“, а Челси е лидер во Премиер – лигата, со девет бода повеќе од Тотенхем и 10 бода позитива во однос на Манчестер сити. Очигледно, некои работи од историјата циклично се повторуваат.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.