Кога ќе ја налутат мама: Како може да го исклучите мојот син!?.. (ВИДЕО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кога ќе ја налутат мама: Како може да го исклучите мојот син!?.. (ВИДЕО)

Кога ќе ја налутат мама: Како може да го исклучите мојот син!?.. (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше на турнир во мал фудбал во Хрватска, и тоа само поради една нервозна мајка.

На турнирот во Иванково беше исклучено 18-годишно момче, иначе јуниор на прволигашот од Винковци, поради неспортско однесување, недолично навредување судија и намерно удирање противнички фудбалер. Најпрво на тоа реагирал неговиот татко, кој ја водел екипата од клубот. Но, кога и таткото добил исклучување до записничката маса дошла и мајката на момчето, лута поради исклучувањето, и почнала да расфрла се околу себе, и озвучувањето, и техниката, и се што ќе и се најде при рака… На крајот уништила опрема во вредност од околу 4.000 евра.


Целиот случај е пријавен на полицијата, која направила записник, и за нервозната мајка е покрената кривична пријава за нарушување на јавен ред и мир, а дополнително се очекува да добие забрана во траење од две години за присуство на спортски натпревари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.