Коби: Мораме да ја спасиме сезоната - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Коби: Мораме да ја спасиме сезоната

Преговорите за прекин на локаутот во НБА лигата ќе продолжат вечерва, кога синдикатот на кошаркари ќе треба да даде одговор на ултиматумот поставен од страна на комесарот Дејвид Штерн. Доколку понудата на Штерн и на сопствениците на клубовите биде прифатена, веднаш ќе биде скроен нов распоред за да биде спасен што поголем дел од сезоната. Од друга страна, доколку тоа не се случи Штерн веќе се закани дека осетно ќе ја намали понудата за во иднина, бидејќи ќе се намалат и бројот на натпреварите што ќе се играат сезонава. Токму затоа, Коби Брајант како една од најголемите ѕвезди во НБА порача дека е потребно што поскоро да биде пронајден заеднички јазик меѓу двете страни.
 
Оваа сезона мора да се спаси, инаку ќе се случи катастрофа за НБА лигата. Се наоѓаме многу близу до постигнување на договор, преговорите мораат да продолжат за да биде пронајден заеднички јазик. Не ми се допаѓа кога постојат ултиматуми, но неопходно е што поскоро да биде постигнат договор“ – изјави Брајант.
 
 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.