Клоп: Може се да купат, но душата и срцето на Ливерпул никогаш! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Клоп: Може се да купат, но душата и срцето на Ливерпул никогаш!

Клоп: Може се да купат, но душата и срцето на Ливерпул никогаш!

Трансферот на Бразилецот Кутињо од Ливерпул во Барселона е без сомнение тема број еден денеска во фудбалска Европа. Ливерпул успеа својот најдобар фудбалер да го задржи изминатово лето, но сега веќе немаше како да ја запре желбата на Кутињо да се пресели во Каталонија.

На оваа тема вечерва се огласи и менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп испраќајќи моќна порака до навивачите на тимот од „Енфилд“…

„Ги разбирам навивачите кои се разочарани… Но, колку и да е тешко да го прифатите тоа, ова е дел од животот и фудбалот. Секој има свои соништа. Фудбалерите ќе доаѓаат и ќе си заминуваат, но како клуб Ливерпул е доволно голем и силен да продолжи со постојан агресивен напредок , дури и кога губи важен играч. И претходно заминувале клучни играчи но клубот продолжувал и без нив. Може некои се да купат, но никој не може да ја купи душата и срцето на Ливерпул, иако сум сигурен дека многу клубови и тоа како ги посакуваат затоа што малку се вистински клубови со едно такво богатство какво што има на ‘Енфилд’” – истакна вечерва Клоп, потврдувајќи дека ниту тој, ниту раководството повеќе не можеле да застанат на патот на огромната желба на Кутињо да замине во Барселона.

„Не е тајна дека тој сакаше да замине и во јули, кога Барселона за првпат го обелодени својот интерес. Кутињо и мене, и на сопствениците, и на соиграчите јасно ни кажа дека очајно посакува да се случи овој трансфер. Ние успеавме да го зачуваме летото, мислевме дека ќе го предомислиме комплетно, но тој ете и во овој преоден рок беше сигурен дека неговата иднина е во Барселона. Тоа бил неговиот сон, а ние не сакавме да застанеме на патот на неговите соништа“ – рече Германецот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.