Кличко: За Џошуа сум како Монт Еверест - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кличко: За Џошуа сум како Монт Еверест

Кличко: За Џошуа сум како Монт Еверест

Во пресрет на големиот боксерски спектакл во Лондон и долгоочекуваниот меч за ИБВ, ВБА у ИБО титулите меѓу Ентони Џошуа (27) и Владимир Кличко (41), украинскиот боксер се подготува на Алпите и се огласи со необична порака.

Кличко кој во својот последен меч во 2015 година беше поразен од Тајсон Фјури по 11 години без загубен дуел, сега делува максимално мотивирано и со голема самодоверба го најавува дуелот со Џошуа.

klicko2

На Монт Еверест можете да се искачите само во одреден период од годината, две недели во април. Ако стигнете до врвот, ќе кажете: „Го освоив Монт Еверест“, но тогаш мора да се спуштите затоа што планината и понатаму може да ве убие. Многумина умираа таму. Некои и се враќаат, но дали е Еверест поразен – не. Тој се уште стои таму горе“ – симболично ја пренесува пораката украинскиот боксер.

klicko 55

Владимир Кличко во својата кариера откако стана професионален боксер во 1996 година, има добиено 64 борби од кои 53 со нокдаун. Искусниот Украинец иако е веќе во повозрасни години, се уште е опасен противник дури и за непобедивиот Ентони Џошуа.

„Вакви шанси не се добиваат секој ден. Ќе боксувам со ѕвезда во подем, тоа е извонредно. Му реков, ако ме победи ќе му честитам. Но, ако јас победам ќе му помогнам да се врати, како што се вратив јас. Ќе бидам негов ментор“ – вели Кличко.

klicko44

Мечот кој лани беше откажан поради повредата на Украинецот, конечно ќе се одржи на 29 април пред 90.000 гледачи на „Вембли“ и ќе биде најголем боксерски спектакл во Европа.

„Имам извонредна шанса да ги вратам повеќето од титулите и ќе се борам против момче кое е на мое ниво. Мислам дека шансите ни се 50-50“ – најавува Кличко.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.