КК Работнички секогаш со и за најмладите: Дружба со дечињата од градинката „Лилипут“ (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

КК Работнички секогаш со и за најмладите: Дружба со дечињата од градинката „Лилипут“ (ФОТО)

КК Работнички секогаш со и за најмладите: Дружба со дечињата од градинката „Лилипут“ (ФОТО)

Во очекување на разврската околу сите проблеми кои ја мачат македонската кошарка и конечен старт на прволигашките натпреварувања, кошаркарите на Работнички не забораваат на своите најмлади поддржувачи. Стратегот Марин Докузовски и „центарци“ денеска беа домаќини на дечиња од приватната градинка „Лилипут дворче“ од општина Центар.

Кошаркарите на нашиот најтрофеен клуб, во салата во градскиот Парк, денеска подарија многу насмевки, радост и задоволство за дечињата од „Лилипут“, барем накратно запознавајќи ги со тајните на кошарката, и убавината на спортското живеење, воопшто.

„Задоволство ни е што можеме да бидеме домаќини на мили посетители кои сакаме, на некој начин, да ги запознаеме со спортувањето како една од најважните општествени вредности. Пресреќни сме, ако барем малку, донесовме радост за детските срца. Се надеваме дека во некои од нив во иднина ќе израснат и врвни кошаркари“ – вели тренерот на Работнички, Марин Докузовски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.