Кјелце го пушта Чупиќ во Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кјелце го пушта Чупиќ во Вардар

Кјелце го пушта Чупиќ во Вардар

Се поизвесно е дека хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Вардар. Полските медиуми денеска најавија дека Чупиќ на крајот од сезоната си заминува од Кјелце и дека причина за тоа е атрактивната понуда од Скопје. Сето ова е потврдено и со изјавата на претседателот на Кјелце, Бертуш Сервас.

„Ние ги почитуваме одлуките на нашите играчи“ – потврди Сервас за полскиот весник „SportoweFakty“.

Трансферот на Иван Чупиќ во јавноста е актуелен веќе неколку месеци. Првите најави се појавија по гостувањето на Кјелце  во Скопје во натпеварот од Лигата на шампионите, а заминувањето на Матјаж Брумен само беше уште една потврда дека Вардар бара ново засилување на десно крило.

Покрај веста за заминувањето на Чупиќ од Кјелце е потврдено дека во клубот на деснокрилната позиција останува германскиот репрезентативец Тобијас Рајхман. Втората опција на оваа позиција во таборот на Талант Душебаев ќе биде Јакуб Луцак кој сега игра како позајмен играч во тимот на Сласка Вроцлав.

Од Кјелце биле заинтересирани и за новата ѕвезда на норвешката репрезентација, средниот бек Сандер Сагосен, кој настапува за Алборг. Но, трансферот пропаднал, а главна пречка била девојката на Сагосен, Стине Бредал Офтедал. Норвешката репрезентативка која настапува за Иси Париз, не била заитересирана за преселба во Полска, па откажал и Сагосен. Според најавите, Сагосен од следната сезона може да му биде клупски колега на Борко Ристовски во Некар Левен, а во опција е и понуда од ПСЖ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.