Кире Ристевски: Повторно први примивме гол - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кире Ристевски: Повторно први примивме гол

Кире Ристевски: Повторно први примивме гол

Македонија загуби од Бугарија со 0-2 во пријателскиот меч на арената „Филип Втори“. Со прикажаната игра, нашиот национален тим и не заслужи повеќе. Одбраната не беше на висина на задачата, средниот ред беше бавен и неинвентивен, а нападот и не доби посериозна можност за да се закани. Оттаму и поразот.

Дефанзивецот Кире Ристевски, вели дека клучен беше моментот што први примивме гол. Тој еднаш реагираше, но не затвори вториот пат при акцијата на Бугарите за водечкиот погодок.

„Ја пресеков топката во средишниот дел, а потоа не стигнав да затворам на левата страна. Несреќно го примивме првиот гол, и тоа беше клучно“, истакнува Кире Ристевски.

Се би било полесно доколку први постигнеме погодок, но вечерва и немавме некоја изразена доминација и стопроцентни можности. Можеби шутот на Шиков во првиот дел, кога го погоди дирекот.

„Во прво полувреме игравме добро, имавме неколку шанси, кои требаше да ги искористиме. Во вториот дел несреќно примивме гол, и штета што загубивме. Имаше агресивност, желба за победа…Се надевам дека наредниот натпревар ќе ги искористиме нашите шанси, и ќе се радуваме“, заврши одбранбениот фудбалер на нашиот национален тим.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.