Кире Николовски по дербито го облече дресот на Карпош соколи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кире Николовски по дербито го облече дресот на Карпош соколи

Кире Николовски по дербито го облече дресот на Карпош соколи

Кире Николовски имаше одлично деби за Работнички во триумфот над МЗТ Скопје, а репрезентативниот центар неполн час по завршувањето на дербито повторно се појави на теренот во СЦ „Јане Сандански“, овојпат како член на Карпош соколи.

Имено, „соколите“ вечерва го играат последниот меч од Еврокупот на ФИБА, на домашен терен против Фалко, а откако речиси сите првотимци си заминаа поради финансиската криза, македонскиот вицешампион настапува со седум младинци.

За да биде пополнета бројката на играчи на помош дојдоа Николовски и Стојан Ѓуроски, кои не влегуваат во игра, туку од клупата ги бодрат младите играчи на Карпош соколи во нивната европска премиера.

nikolovski i gjuroski na klupa

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.