Кире Лазаров во елемент, пред Барса падна и Веспрем - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кире Лазаров во елемент, пред Барса падна и Веспрем

Кире Лазаров во елемент, пред Барса падна и Веспрем

Барселона продолжува да доминира во супертешката група А од Лигата на шампионите, откако каталонскиот гигант ја забележа и петтата победа во низа, овојпат на домашен терен против Веспрем со резултат 26-23.

Тимот на нашите Кире Лазаров и Борко Ристовски водеше во речиси целиот натпревар и апсолутно заслужено стигна до триумфот. Откако во финишот од полувремето имаше водство од 16-10, Барса на пауза замина со 16-11. Веспрем заигра нешто подобро и успеа да се врати, но при резултат 24-22 унгарскиот гигант не успеа да најде лек за извонредниот Гонзало, па бодовите останаа во Каталонија.

Кире Лазаров со шест гола беше меѓу најефикасните (седум имаше Жалуз), а Македонецот имаше и клучна асистенција при голот на Виктор Томас со кој беа разрешени сите дилеми околу победникот. Борко Ристовски не влезе во игра на оваа средба откако Гонзало Перез де Варгас бранеше одлично и нанижа 17 успешни интервенции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.