Кире и Филип Лазаров подготвени за новата „братска“ пресметка во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кире и Филип Лазаров подготвени за новата „братска“ пресметка во ЛШ

Кире и Филип Лазаров подготвени за новата „братска“ пресметка во ЛШ

Дуелот меѓу Вардар и Барселона во Лигата на шампионите има посебен белег поради двојната македонско-шпанска братска пресметка. Вардарците Филип Лазаров и Алекс Душебаев на противничката страна, во составот на Барселона ги имаат своите браќа Кире Лазаров и Даниел Душебаев. Во пресрет на вториот натпревар во ЛШ, меѓу македонскиот и шпанскиот првак, што ќе се одигра во недела во „Јане Сандански“, официјалниот сајт на ЕХФ објави интересно соочување на Кире и Филип Лазаров.

Минатата недела шпанскиот тим славеше минимална победа на свој терен и ја запоседна лидерската позиција во групата. Битката за првото место во групата Б во недела продолжува во „Јане Сандански“.

„ Вардар сега има квалитетен тим кој е сличен на нашиот , со добри играчи на сите позиции и сигурен сум дека овој тим ќе постигне добри резултати. Исто така верувам дека и двата тима се меѓу шесте најдобри во светот“ – вели Кире Лазаров за офцијалниот сајт на ЕХФ.

Првиот стрелец на Барселона, пред престојниот втор дуел во Скопје, истакнува дека Вардар е уште потежок противник кога игра пред домашната публика.

Се уште сме во групната фаза од ЛШ и секој бод е важен за нас. Нашата цел е да ја завршиме оваа фаза на првото место и ние сме на пат да го оставриме тоа. Знаеме дрка Вардар на домашен терен е многу тежок противник и дека ќе имаме многу тешка задача да ги освоиме бодовите во Скопје“ – смета Кире Лазаров.

Од спротивната страна, Филип Лазаров во неделниот меч пред домашната публика гледа шанса Вардар да се реваншира за минатонеделниот пораз.

„На првиот натпревар имавме шанса да победиме и да ги освоиме бодовите во Барселона, но не ја искористивме. Барселона одигра мотивирано и ја покажа својата надмоќност, но исто така на овој меч видовме дека ние сме квалитетен противник. Очекувам многу подобар меч во „Јане Сандански“ и мислам дека и двете екипи ќе ја прикажат својата најдобра игра. Не очекувам ништо од напред освен дека ќе имаме  изедначен и неизвесен меч до крај. Домашниот терен за нас е голема предност и се надевам дека ќе го искористиме тоа и ќе победиме. Секој знае дека нашата цел е пласман на Ф4 и ние ќе се бориме да го постигнеме тоа“ – вели Филип Лазаров.

Натпреварот Вардар – Барселона се игра в недела со почеток во 17.30 часот во „Јане Сандански“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.