„Кенгурите“ со голем скок во Монте-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Кенгурите“ со голем скок во Монте-лигата

Во изминатиот викенд повторно бевме сведоци на богата програма  во “СЦ ЈУНИОР-Охридска банка”, каде што најдобрите минибаскетџии во земјата одиграа шест натпревари и со тоа го завршија првото коло од Монте лигата. Свој настап имаше Генерацијата 1999/00, а меѓу учесниците голем дел од фаворитите се и гости од другите градови.

На првиот натпревар Струмичани не успеаа да ги совладаат РАДИШАНИ, кои иако во текот на целиот натпревар го имаа резултатот на своја страна, сепак последната минута го реши победникот, а најзаслужен за тоа е Шостер кој со своите 10 поени си ја заслужи наградата од Монте, за најдобар стрелец. 

Програмата ја продолжи добро познатиот ДРИМ ТИМ од О.У.Васил Главинов кој ја потврди фаворитската улога и по првата четвртина имаше позитива од 10 поени и до самиот крај на гостите од ТЕТОВО не им дозволи да дојдат до два бода на табелата. Николов со 6 поени беше најдобар на теренот, меѓутоа имаше голема помош и од своите соиграчи. Тетовци не успеаја да победат ниту во играта “МекДоналдс 2 Опен болс”. Аџија и Елјеса (26) беа поумешни во шутот од 9 позиции од Кратовски и Илиевски (15) и затоа отидоа на частење во ресторанот на Мек Доналдс.
 
На третиот натпревар Струмичани со својата втора екипа покажаа поголема мотивација и  го надиграа тимот на БИГ МЕК од О.У.Партение Зоографски. Трајков (9) за само еден поен успеа да му ја земе на Мавков (8) наградата за најдобар стрелец. Иако го изгубија натпреварот, избраниците на тренерот Стојмановиќ: Докузов, Мијаковски, Тасевски и Темелковски  беа поумешни во техничкиот дел и успеаа во играта “Цотинос Скилс Чејлинџ” да ги надитрат Атанасов, Мавков, Бјадов и Михајлов од Струмица.

ВИДРИТЕ од О.У.Лазо Ангеловски одлично го започнаа четвртиот натпревар  и направија разлика на полувремето, но дека не е се готово покажа второто полувреме каде противниците од Кочани успеаа да стигнат до нерешен резултат за на крај да влеземе во драматичен финиш. Иако гостите го имаа Митев во своите редови кој постигна 12 поени сепак Видрите беа поснаодливи и на своето салдо забележаа два бода. 
 
Прилепчани  во петиот натпревар се покажаа како доста сериозен противник во оваа генерација. Убедливиот триумф од 47:27 против МУЛТИ СОЛА од О.У.Дане Крапчев им ја донесе првата победа и дефинитивно фаворитско место на табелата за Фајнл Фор. Дури ни Герасимовски со своите 13 поени не успеа на својата екипа да им ја доближи победата.  
 
Најнеизвесен натпревар за крај на првото коло одиграа КЕНГУРИТЕ од Панајот Гиновски и ЦОТИНОС од Н.Н.Борче. Сепак,  Кенгурите со својот доминантен скок под кошевите успеаа да дојдат до своите два бода и до признанието за НАЈекипа на колото. И на овој натпревар најдобриот стрелец беше од поразената екипа, Цекова со 8 поени.  


МКК Струмица 1 – Радишани (о.у.А.Шопов) 23-28
МКК Струмица 1: Дончев Д. 4, Ристов Ј. 8, Василев В., Костов Ж., Николов С. 2, Георгиев Ф., Ангелов Ф. 3, Тимоф М., Јефтимов Т. 2, Илиев С., Трајанов Н. 3.
РАДИШАНИ: Шостер Л. 10, Шостер М. 2, Богоевски С. 8, Цениќ Н. 2, Кржаловски М. 2, Малов К., Брајановски А., Трајановски С. 4, Алчевска Б., Ниноловска М., Марковски М.

ДРИМ ТИМ (В.Главинов) – ТЕТОВО 29-11
ДРИМ ТИМ: Николов Н. 6, Мушина Х., Стојановски Х. 2, Алили Б., Ватиќ Е. 4, Цефов Д., Сулејмани Е. 4, Кујовиќ С. 3, Аџија Е. 6, Цветковски Ј. 4, Милковски 2, Петрушевски А., 
ТЕТОВО: Краповски К., Лиасис К. 2, Тодоровски М., Руфати Е. 2, Томашевиќ Ј., Анушевски Ф., Хајдули Е. 1, Ѓурќиновски А. 2, Серафимовски Ѓ., Илиевски Д. 4, Јанкулоски Д., Денковски А., Игоски Т., Ристовски С., Пауновски И., Стефановски Р., Димитриоски С., Ивановски Х., Јосифовски Д.
МКК Струмица 2 – Биг Мац (о.у.Партение)   36 – 19
МКК Струмица: Мавков К. 8, Михајлов К., Трајков В. 9, Атанасов В. 7, Стојанов И. 4, Јанков Д., Костов Ѓ., Бјадов Ф. 6, Трипков Р., Јовановски А. 2.
БИГ МЕК: Ташков Ј., Михајловски Б. 2, Докузов Г. 2, Крстевски Т. 6, Василевски В., Сандев З., Тасевски А. 7, Кочубовски П., Петковски Ј., Спиридонов А. 2, Трајковски В.

КОЧАНИ – ВИДРИ (Л.Ангеловски) 20 – 27
КОЧАНИ: Арсовски П. 2, Иванов М. 2, Аризановски М., Јорданов С. 2, Дамјанов С., Стојанов М., Арсов А. 1, Митев Б. 12, Кабов А., Апостолов И., Заов М. 1, Тодоровски Н.
ВИДРИ: Ѓорѓиевски М. 6, Михајлов К. 8, Васиќ Г., Мариовиќ М., Спасов В. 1, Биков С. 6, Василевски А. 2, Филиповски Д., Илиевски Д., Котевски А. 2, Стојановски Т., Трајковски С., Николова К. 4.

МУЛТИ СОЛА (Дане Крапчев) – ПРИЛЕП    27:47
МУЛТИ СОЛА: Митевски Н., Герасимовски Д. 13, Георгиевски М., Стојановски Д., Николов В. 5, Вељковиќ А. 2, Митревски М., Асанова Ф., Трајковска Б., Али К., Али Е., Али С., Лозановска В., Матовски Д. 3.
ПРИЛЕП: Костадиновски М., Локвенец И., Плетварец Х., Георгиевски М. 6, Петрески Д.4, Бошковски К., Јончески П. 2, Даневски Б., Маџовски Т., Спиркоски К. 2, Таневски А., Јовановски Ф. 2, Јанкулоски Н., Николовски М., Јанкуловски Н., Николовски М. 10, Димовски Б. 6, Гагалески Д., Станимировиќ М. 8.

КЕНГУРИ (П.Гиновски) – ЦОТИНОС (Н.Н.Борче) 31-26
КЕНГУРИ: Костовски С. 2, Ајрула А. 2, Стојковски Д. 2, Јакимов Д. 2, Станков С. 2, Трајкоска В., Ристов М. 2, Шопкоски К. 4, Мурџов М., Даневски А. 4, Спасевски В. 4, Милошевски В. 2, Станков С. 5, Џочков Ф., Стојковиќ Н.
ЦОТИНОС: Крстевски Н. 2, Спировски М., Стаменковски П., Калевски Ќ. 6, Петров Б., Митревски А. 3, Атанасовски Н., Томов А., Крстиќ Н. 2, Шуманковски Л., Пемпер С., Цекова Н. 8.


НАРЕДНО КОЛО 2002
1.Штрумфови (Г.Делчев) – Метеори (К.Неделковски 2)
2.Гладијатори (Ѓ.Пулевски) – Леопарди (Л.Ангеловски)
3.Свемирци (А.Шопов) – МКК Струмица
4.Комети (К.Неделковски 1) – Јогобела (П.Гиновски)
5.Цотинос (Н.Н.Борче) – слободен

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.