Казна од три места назад за Фетел на стартот на ГН Јапонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Казна од три места назад за Фетел на стартот на ГН Јапонија

Казна од три места назад за Фетел на стартот на ГН Јапонија

Само неколку метри по стартната линија на патеката Сепанг, трката за Големата Награда на Малезија веќе беше завршена за Себастијан Фетел. Возачот на Ферари возеше паралелно со Нико Розберг и се обиде да го претекне возачот на Мерцедес пред него. Болидите остварија мал контакт по што розберг се изврте и од втората позиција стигна до 17. на гридот додека Фетел се удри во Макс Верстапен и трката за него беше завршена.

По детално прегледување на видеото, стјуардите и одговорните лица во Малезија одлучија да го казнат Германецот со три места наназад на стартот на наредната трка како и со два негативни бода на неговата лиценца.

„Во исто време закочивме и двајцата. Возевме еден покрај друг, а тој ме притисна од внатрешната страна, Тоа е нормално тркање. Лично сметав дека ќе можеме да го совладаме свиокот. Не испадна така бидејќи Нико одлучи да тргне по друга патека. Иако беше напред требаше да внимава и на тие зад него“ – истакна трикратниот светски шампион.

Наредна трка на Ф1 календарот е трката за Големата Награда на Јапонија на легендарната патека Сузука (9. октомври).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.