Каталонците потврдија: Борко го менува Шариќ во Барса! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Каталонците потврдија: Борко го менува Шариќ во Барса!

Каталонците потврдија: Борко го менува Шариќ во Барса!

Она што ЕКИПА го објави ексклузивно пред десетина дена, денеска беше потврдено и од страна на каталонските медиуми, кои го посочија Борко Ристовски како нов голман на Барселона почнувајќи од следната натпреварувачка сезона. Македонецот не сакаше да коментира за својата иднина истакнувајќи дека приоритет му е репрезентацијата и настапите во Гдањск, но каталонската радио-телевизија преку својата веб-страница обелодени дека токму Ристовски е изборот на раководството на Барселона за наследник на Даниел Шариќ.

borko print

Прва желба на Барселона била задржување на Шариќ, но откако овој јасно ставил до знаење дека планира да замине во Катар, земја чиј национален дрес го носи, почнала потрагата по нов чувар на мрежата. Изборот паднал токму врз македонскиот репрезентативец, кој брани извонредно по трансферот во Некар Левен, а една од одличните партии ја прикажа токму против Барса во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

За очекување е Барселона во најскоро време да го официјализира овој трансфер, со што каталонците во новата сезона ќе имаат двајца Македонци во своите редови, Борко Ристовски и Кире Лазаров.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.