Карваљо ја напушти репрезентацијата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Карваљо ја напушти репрезентацијата

Атмосферата во португалската репрезентација е сериозно нарушена откако Рикардо Карваљо реши да го напушти националниот тим, не давајќи му притоа никакво објаснување на селекторот Пауло Бенто. Дефанзивецот на Реал Мадрид беше најавуван како стартер на претстојното гостување против Кипар, но ги шокирал соиграчите со одлуката да го напушти националниот тим. 
 
Португалските медиуми шпекулираат дека искусниот одбранбен фудбалер најпрвин влегол во конфликт со неколку соиграчи, а потоа се скарал и со селекторот Бенто, по што решил да си замине од тренинг-кампот. Интересно е што тој го напуштил кампот на репрезентацијата во автомобилот на Фабио Коентрао, неговиот соиграч од Реал Мадрид.
 
Рикардо се понесе крајно непрофесионално. Без никакво објаснување, без никаква најава реши да го напушти тренинг кампот и да ја остави репрезентацијата на цедило. Очигледно е дека тој нема да биде во комбинација за мечот со Кипар, а на селекторот Бенто е да донесе одлука дали во иднина воопшто да смета на неговите услуги“ – изјави портпаролот на Португалската Фудбалска Федерација.  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.