Кари со 45 поени ги „бомбардираше“ Клиперси, Леброн за малку без „трипл-дабл“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кари со 45 поени ги „бомбардираше“ Клиперси, Леброн за малку без „трипл-дабл“

Кари со 45 поени ги „бомбардираше“ Клиперси, Леброн за малку без „трипл-дабл“

Кошаркарите на Голден стејт го демолираа ЛА Клиперс на гости победувајќи со 105-121, во мечот кој го отвори синоќешниот саботен програм од НБА лигата.

Вориорс одиграа феноменален меч во „Стејплс центарот“ на крилјата на Стеф Кари кој заврши со 45 поени, дополнети и со 6 скока и по три асистенции и украдени топки. Го следеа Мекги со 11 поени и Клеј Томпсон и Дејвид Вест со по 10 поени, додека Дрејмонд Грин беше блиску до „трипл-дабл“ со 9 поени, 12 скока и 8 асистенции.

Кај Клиперси најефикасен беше Лу Вилијамс со 23 поени, а ДиАндре Џордан заврши со 15 поени и 11 скока.

По овој триумф, Голден стејт се зацврсти на првото место во Западната конференција со 32 победи и 8 порази, додека Клиперси се на деветтата позиција со скор од 17-21.

zapad

Кливленд славеше против Орландо со 131-127, воден од Леброн Џејмс кој остана само на чекор од „трипл-дабл“ со 33 поени, 9 скока и 9 асистенции. Кевин Лав имаше 27 поени, а Ајзеја Томас – 19 поени. Кај Орландо се издвои Арон Гордон со 30 поени.

Бостон ја забележа шестата победа во низа, славејќи против Бруклин со 87-85. Кајри Ирвинг запиша 21 поен, додека Татум мечот го заврши со 14 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Голден стејт – ЛА Клиперс 105-121, Вашингтон – Милвоки 103-110, Минесота – Њу Орлеанс 116-98, Сакраменто – Денвер 106-98, Бруклин – Бостон 85-87, Детроит – Хјустон 108-101, Индијана – Чикаго 125-86, Орландо – Кливленд 127-131.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.