Карачиќ: На Вардар му треба вистински тренер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Карачиќ: На Вардар му треба вистински тренер

Бекот на Вардар, Игор Карачиќ, ризикуваше да го навлече бесот на газдата Сергеј Самсоненко изјавувајќи дека „црвено-црните“ треба што поскоро да ангажираат „вистински стратег“ за шеф на стручниот штаб. Како што е добро познато, Самсоненко му врачи отказ на Зоран Кастратовиќ, а веднаш потоа самиот се симна на клупата и го води тимот крај првиот тренер Андон Бошковски. Резултатите на тимот под водство на тандемот Самсоненко – Бошковски воопшто не се лоши, но Карачиќ во интервју за хрватските медиуми јасно го искажа својот став по ова прашање, дека треба да биде ангажиран нов шеф на стручниот штаб.

Навистина ни е потребен вистински стратег, тренер што ќе ги поврзе играчите во една добра целина. Во Вардар играат огромен број на квалитетни ракометари, но треба некој да ја најде добитната комбинација. Некои натпревари ги играме добро, но во секоја од нив доаѓа момент кога е потребна сигурна рака од клупата. И ние како играчи треба да бараме дополнителен мотив, за да одиграме 100% од своите можности бидејќи тогаш можеме да го добиеме буквално секој противник. Верувам дека наскоро тренерското прашање ќе биде решено и во брзо време ќе добиеме нов шеф на стручниот штаб“ – изјави Карачиќ во интервју за порталот Спортнет.хр.

„Црвено-црните“ во текот на летово беа засилени со огромен број на квалитетни засилувања, но тоа е само причина повеќе за ангажман на врвен тренер кој ќе знае како што поскоро да ги склопи коцките од овој мозаик.

Добивме навистина голем број на квалитетни засилувања, пред се од Русија, но тука е и шпанскиот бек Душебајев кој одлично ја почна сезонава. Во почетокот бавно се воигрувавме, тогаш тимот го водеше тренерот Кастратовиќ, кој во меѓувреме си замина. Јасно е дека овој тим има капацитет, но ќе биде потребно време за да влеземе во посакуваниот ритам“ – реален и хрватскиот бек во таборот на македонскиот шампион.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.