Кампот на Андреа Лекиќ донесе ракомет и на охридскиот плоштад! (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кампот на Андреа Лекиќ донесе ракомет и на охридскиот плоштад! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кампот на Андреа Лекиќ донесе ракомет и на охридскиот плоштад! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Охрид деновиве е во знакот на ракометот и на ракометните кампови. Денеска имаше ракомет и на охридскиот плоштад. Академијата на Андреа Лекиќ која летово својот камп го организира во Охрид, имаше „ден на ракометот“ на охридскиот плоштад.

Посетителите и стручниот тим на кампот во кој годинава учествуваат 70 деца од десет европски земји, ги презентираа ракометните вештини, низ вежби, игра и многу забава. Ракометната забава во Охрид беше интересен настан за охриѓани и за гостите кои се затекнаа денеска во градот и посебно доживување за децата од кампот.

„Ова е еден дел од нашите активности во кампот. Покрај ракометот, овде имаме можност да се дружиме и низ различни активности да уживаме во убавините на Охрид и на Охридското Езеро. Децата се презадоволни, исто и родителите кои се присутни овде, посебно они кои прв пат доаѓаат во Охрид“ – задоволно вели Андреа Лекиќ и заедно со дел од девојчињата од кампот продолжува на плажа, да се комплетира денот.

На охридското сонце со посебно задоволство уживаат камперите и гостите од Исланд. Тие прв пат доаѓаат во Охрид, воодушевени се од градот и од езерото и веќе планираат повторно да дојдат во Македонија.

Камп што го организира Академијата на Андреа Лекиќ во Охрид завршува во петок. За утре се закажани меѓусебни натпревари во салата „Билјанини извори“ и завршна вечер со крстарење по Охридското Езеро на бродот „Александрија“.

Во Охрид деновиве се одржува и ракометниот  камп што го организира  Кире Лазаров во комплексот „Аквалина“, а во неколку смени традиционално се одвива и  летниот камп на Металург.

8

9

3

4

5

6

7

10

11

12

2

13

14

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.